ЗИМА 2025
Традиционален ВИКЕНД на КОПАОНИК
КОПАОНИК е најголем туристички скијачки центар во Србија и најголем планински масив и Национален парк во Србија, со одлично припремените стази за скијање, овозможува неизмерно уживање за сите категории на скијачи. Скијачкиот центар се простира на 64км стази и ски патеки, уредени за Алпско и Нордиско скијање. За љубителите на ноќното скијање, во самиот ски-центар осветлени се патеките на Панчичев врв, Караман, Гребен и Мало језеро. За најмалите скијачи има три ски-патеки со подвижни траки. Системот пак за вештачко оснежување покрива 97% од ски патеките, така да скијањето на Копаоник е загарантирано. Сите патеки се добро поврзани со жичари и ски лифтови, а капацитетот е 34000 скијачи на саат. Тоа го овозможуваат: 1 Гондола која е затворена и го поврзува Брзече со ски центарот (Мали Караман), 3 шестоседи, 7 четвороседи жичари, 10 ски-лифтови….
БРЗЕЧЕ е туристичка населба со многу хотели, вили и апартмани, во подножјето на Копаоник, на само 15 км од самиот ски – центар Копаоник. Затворената Гондола за 8 лица го поврзува Брзече со централниот ски центар-Мали Караман.
Вила ИВАНОВИЧ – БРЗЕЧЕ
Се наоѓа на 1100 м.н.висина, на 350 м.од Гондолата опкружена со букова и борова шума. Тоа се 2 објекти со дво,тро и четворо креветни соби и апартмани-комплет реновирани 2023, секоја соба со тв, сопствено купатило,WI-FI, ресторан со домашна кујна, паркинг, скијачница…..
ТЕРМИН: 29.01-02.02.2025 година |
8850ден.- 5 дена – 4 полупансини |
Појадок (шведски стол)+Вечера Tуристичката такса е вклучена во цената. |
Деца со родители до 12 год.имаат.попуст од 30% – користат: храна и кревет. Трето и четврто лице над 12 год. во 1/3, 1/4 има попуст од 10%. Можност за користење бежичен интернет. |
ДОПЛАТА ЗА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
|
– Сместувањето е во 14.оо часот, а напуштање на собите во 10.оо часот.
-Доплата за патничко здравствено осигурување (задолжително)-300ден.-до 65години.
-Изнајмување на ски опрема од Т. А. Бран Турс: чизми + ски (карвинг)+стапчиња = 600 ден