ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА МАВРОВО -МАТКА-СКОПЈЕ 22.06.2025

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА

МАВРОВО МАТКА СКОПЈЕ

 22.06.2025

Поаѓање во 07.00 часот од пред агенција Бран за Македонски Брод ,Кичево, Маврово, со пауза за појадок на превојот Стража-“Мекиците од Стража”. Потоа се продолжува  за Скопје со попатна посета на изворот на реката Вардар-Вруток.Самото име Вруток ,значи извор,врело, водата од изворот чиста,за пиење.Изворот е сместен во прекрасна природа,разновидна и богата шумска вегетација,со преубави рејлефи и пејсажи, преубави ресторани,гостилници во околината на изворите , каде може да се ужива со вкусот на Мавровската пастрмка од рибниците изградени на реката Вардар.Во непосредна близина се наоѓаат трите хидроцентрали Вруток,Врбен и Равен.Се продолжува за Скопје преку Тетово до Матка-Кањонот на реката Треска – десна притока на Вардар. Кањонот Матка – Англискиот весник Гардијан го има прогласено меѓу 10-те најубави кањони во Европа.Во матка има 10 пештери ,богати со сталагмити и сталактити,кои може да се посетат со чамец или кајак.На реката Треска се одржуваат европски првенства во Кајак на диви води, Алпинистички и Спалеолошки натпревари,а секако и посета на многу Средновековни манастири.На реката Треска под браната висока 29м. на езерото Матка ,се наоѓа најстарата хидроцентрала од 1938год.Потоа се оди до Водно, чија највисока точка е врвот Крстовар, висок 1066 м. каде се наоѓа колосалниот Милениумски крст– шести по големина во Европа. До крстот сообраќа Кабинска жичница.Потоа посета на трговскиот шопинг центар Сити мол, каде има можност  и време за ручек. Попладнето поаѓање за Прилеп со попатна кафе пауза на Велешкото езеро.Пристигнување во Прилеп во вечерните часови(+-19.00 ч).

 

Цена: 650 денари

– превоз со туристички автобус

– водство и организација на екскурзијата

 

Поминете уште едно незаборавно доживување со Т.А. Бран – Прилеп.

Останати Понуди