БУДВА
КОТОР-ТИВАТ-ОСТРОШКИ МАНАСТИР
07.03.25 Поаѓање во 00.30 чaсот со автобус, преку Албанија за Будва. Пристигнување во Црна Гора во утринските часови,се поминува покрај Улцињ,Бар,Суто Море,Бечичи, Св. Стефан со панорамски поглед на овие прекрасни туристички места, а потоа пристигнување во Будва Сместување во соби со засебно твц,студиа и апартмани или во хотел. Попладнето разгледување на стариот дел на градот, каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија,зидините на Стариот град,пристаништето со јахти…Слободно попладне за индивидуални прошетки во Будва… Ноќевање.
08.03.25 Факултативен излет до Бока Которскиот залив,со посета на прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат:Средновековната тврдина-Сан Џовани,во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св.Трифун,Поморскиот музеј и слободно време во Стариот град на Котор.Потоа се продолжува за ТИВАТ– до монденското пристаниште Порто Монтенегро-спој на природна убавина и човечки ресурси и уживање во прекрасната глетка на Бока Которскиот залив.Враќање за Будва.Факултативна вечера во ресторан со музика Ноќевање.
09.03.25 Заминување од Будва за Манастирот св. Василие Острошки, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и манастир на Балканот.Основан е во 17 век и се верува дека моштите на св. Василије Острошки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир.Заминување за Македонија преку Скадарското езеро и Албанија, ноќно возење со попатни паузи.Пристигнување во Прилеп во доцните вецерни или раните утрински часови на 10.03.
ЦЕНА: 4900 ден. за сместување во соби и апп. за рез. до 31.01
Редовна цена 5900 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања во соби,студија и апартмани во Будва
- целодневен излет до Острошкиот манастир
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување – без франшиза -200 денари до 65г
- целодневен излет до Котор и Тиват (15 евра)
- факултативна вечера со музика ( евра)
- влезници за евентуални културно историските споменици..
- превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – повратна (+- 2евра)
За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Краен рок на пријавување до 04.03.2025 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита Денот на жената 8 – ми Март.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ