ВЕЛИГДЕН ВО ИСТАНБУЛ
Истанбул е единствен град во светот сместен на два континента Европа и Азија,чија историја започнува пред 2600 години.Тоа е голем космополитски центар каде што се спојуваат исток и запад.
17.04.25 Поаѓање на групата во 17 ч, преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.
18.04.25Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел или се оставаат куферите,па смештајот е по разгледот на Истанбул.Разгледување на градот со локален водич:Хиподромот, Султанахмедовата џамија(со влез) ,Аја Софија, Топкапи музејот-влез во двор…Слободно време за шопинг во Аксарај и Капали Чаршија. Вечерта посета на национален ресторан ГАР,со богата програма и мени на турската кујна.Нокевање.
19.04.25 Појадок.Факултативно Крстарење со брод по Босфорот со локален водич. Потоа преку мостовите на Босфорот посета на Азискиот дел-Чамлиџе, од каде има прекрасна панорама на Истанбул(факултативно).Враќање в хотел. Вечерта поаѓање за боемскиот кварт Балат,со стари дрвени куќи во разни бои, шармантни барови,ресторании посета на ЦариградскатаПатријаршија каде се прославува Исусовото воскреснување. По полноќ враќање в хотел.Ноќевање.
20.04.25 Појадок.Напуштање на хотелот , па преку мостот Галата се оди до споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим и слободно време за прошетка по Таксим, кој изобилува со палати од 19-ти век, продавници со познати брендови,ресторани…Потоа посета на најпознатата продавница за алва, баклава, локуми….-Коска.На крај, посета на трговскиот шопинг центар Форум и Декатлон, каде освен шопинг може да се посети аквариумот Turkuazoo. Поаѓање за Македонија преку Грција,ноќно возење со попатни паузи.
21.04.2025 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА:7200.за резервации до 17.03.2025
Редовна цена 8200д.
Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќ/појадок во хотел со 3* во центарот на Истанбул (Лалели)
- разгледување на Истанбул со локален водич
- посета на Цариградската Патријаршија, Балат, Таксим, Коска,Форум….
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
- патничко здравствено осигурување – задолжително – 250 ден. до 65г.,над 65г.=400д.
- факултативно крстарење со брод по Босфорот со водич – 20 € (резер. во агенција)
- факултативна посета на Азискиот дел Чамлиџе со водич -20 еур (резер. во агенција)
- вечера со програма во национален ресторан “ГАР” – 30 € (резер. во агенција)
- влезници за други културни историски знаменитости (Аја Софија,Топкапи музеј…)
За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници
Краен рок за пријавување 11.04.2025
Т. А. БРАН ТУРС Ви ги честита Велигденските празници.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување