НОВА 2026 ГОДИНА ВО СПЛИТ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Нова 2026 во СПЛИТ
ШИБЕНИК
ТРОГИРМАКАРСКА

 

30.12.25 Поаѓање пред агенција Бран во 18:00 часот со туристички автобус, се патува преку Албанија, Црна Гора, за Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

31.12.25 Преку Будва, Тиват, долж Јадранската ривиера предпладнето се пристигнува во Сплит, разгледување на градот со локален водич: Плоштадот, Диоклецијановата Палата, Катедралата Свети Дује, Сплитската променада-Рива..Потоа сместување во хотел.Слободна вечер за уживање во Божиќната весела атмосфера на Сплитската Рива. Вечерта дочек на Новата 2026 г. на плоштадот на Сплитската променада–Рива, со богата музичка програма, најавено е да настапи и да забавува музичката легенда Жељко Бебек.Ноќевање. 

01.01.26 Појадок. Целодневен факултативен излет со локален водич до: Трогир каде ќе се видат: Катедралата Свети Ловре, Градската порта, Кнежевиот двор од 13-ти век-сега градско собрание, палатата Чипико од 13-ти век, тврдината Камерленго,Трогирската Рива со голем број на јахти и мегајахти,барови и шеталиште за уживање…Продолжување за Националниот парк Крка со познатите слапови на реката Крка-нивна посета.Потоа ,посета на Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св.Јаков-која е под заштита наУНЕСКО, Градското собрание, Аквариумот, четирите средновековни бунари.Слободно време во Шибеник. Вечерта враќање во Сплит. Ноќевање.

02.01.26 Појадок. Слободно предпладне во Сплит. Во 12.00 часот заминување за Македонија, се поминува долж Јадранската ривиера,  поминувајќи покрај многу убави туристички места, како: “Гусарскиот град” Омиш , Башка Вода, Подгора…и многу други. Попатна посета на неодоливата Макарскапри што ќе се видат: Кацичевиот плоштад, цркв.св. Марко и прошетка по убавото шеталиште-Рива…Продолжување за Македонија преку Црна Гора и Албанија,ноќно возење со попатни паузи.

03.01.2026 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

ПРОМО ЦЕНА до 17.11=9600ден., редовна цена 10600 ден.

Во цената е вклученo:

  • превоз со туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Ас 3*
  • разгледување на Сплит со локален водич
  •  попатна посета на Макарска
  •  организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • патничко и здравствено осигурување-без франшиза-300 ден. до 65г., 400ден. 65-70год..
  • целодневен излет со локален водич до:Трогир,Крка и Шибеник-30€,плус влез во Крка-10€ – туристичка такса 2 еур по лице по ден-плаќање во агенција
  •  влезници за други културно – историски споменици
  • доплата за еднокреветна соба=45 еур.

Напомена: Краен рок на пријавување до 22.12.2025 година.

Т. А. Бран Турс ви ја честита Новата 2026 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување. За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.

 

Останати Понуди