БОДРУМ СО АВИОН 12-19.09.24

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

БОДРУМ
СО АВИОН 12-19.09.2024

11.09.2024 г.Поаѓање од пред агенција Бран-Прилеп во 23.30 до аеродромот во Скопје.

12.09.2024г.Состанок на групата 2 часа пред полетување на авионот за БОДРУМ-Турција до 01.45 часот.Авионот полетува во 03:45 ч. По пристигнувањето во БОДРУМ (околу 06.00часот), трансфер до избраниот хотел. Сместување во собите после 14.00ч.

18.09.24 Напуштање на собите најдоцна до 10.00 ч. Слободно време и користење на услугите од хотелот се до организираниот трансфер: хотел – аеродром. Летот за Скопје е во 23.59 ч. по локално турско време.

19.09.24 Пристигнување во Скопје во раните утрински часови околу 03.00ч по локално македонско време.Трансфер од аеродромот од Скопје до Прилеп.

 

ЦЕНА: 699 евра (43300 ден.)-Hotel COSTA BITHEZAN – 4* ALL INCLUSIVE
Сместувањето е во стандард соби.Оваа понуда важи до 15.07.2024г.
https://www.costagrouphotels.com/costa-bitezhan-hotel/

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • aвио билет на релација Скопје – Бодрум – Скопје и аеродромски такси
  • сместување на база All inclusive во Hotel COSTA BITHEZAN  4* = 6 ноќи -7 дена
  • трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • организација и реализација на аранжманот

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • здраствено  патничко осигурување- 300 ден.до 65г., од 65-70г.=500ден.
  • трансфер Прилеп-аеродром Скопје-Прилеп – 1000 денари
  • факултативни излети (на лице место)

 

Потребно е да се има нов пасош НМК ,со важност 6 месеци од денот на враќање.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и летување.
Летувајте, патувајте, инвестирајте во своето здравје, подобрете го имунитетот…
За овие аранжмани важат општите услови за патување на СКТМ и Т. А. Бран Турс-Прилеп.

 

Хотелот Costa Bitezhan се наоѓа во тивкото одморалиште Битез (Bitez) во регионот Бодрум, покрај сама плажа, во близина на познатата плажа Ortakent Beach. Хотелот е оддалечен на 6 километри од центарот на Бодрум и на 42 километри од аеродромот Милас во Бодрум.Хотелот располага со 81 модерно опремени соби и повеќето имаат балкон. Сите соби се опремени со приватна бања со туш, клима уред, сателитска ТВ, бесплатен Wi-Fi, сеф, телефон, фрижидер, фен. Хотелот има главен ресторан, бар на базен, хотелски бар, 24-часовна рецепција, медицинска помош.. Хотелот има надворешен базен, детски базен, СПА центар, турска бања, сауна, фитнес центар, спортови на вода, аеробик, пинг-понг, билијард, одбојка на плажа, мини-клуб, анимација за деца и возрасни.Хотелот се наоѓа на своја приватна плажа, со бесплатни лежалки и чадори на базен и на плажа.

Останати Понуди