Kрф-Ипсос-Вила Елена

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Вила Елена 1-Kрф Лето 2025

За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.
Вила Елена 1 се наоѓа на островот Крф на 350м оддалеченост од плажа.Вилата располага со студиа за 2 лица и еден апартман за 4 лица.Студиата се на прв и втор спрат.Опремени се со единечни кревети, мини кујна, фрижидерче, тоалет,клима уред (се доплаќа 5е од ден) Во објектот нема лифт.

ТЕРМИН

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
24.05.2025-31.05.2025 109е
31.05.2025-07.06.2025 121е
07.06.2025-14.06.2025 143е
14.06.2025-21.06.2025 165е
21.06.2025-28.06.2025 179е
28.06.2025-05.07.2025 193е
05.07.2025-12.07.2025 231е
12.07.2025-19.07.2025 231е
19.07.2025-26.07.2025 231е
26.07.2025-02.08.2025 231е
02.08.2025-09.08.2025 231е
09.08.2025-16.08.2025 231е
16.08.2025-23.08.2025 231е
23.08.2025-30.08.2025 182е
30.08.2025-06.09.2025 168е
06.09.2025-13.09.2025 149е
13.09.2025-20.09.2025 110е
20.09.2025-27.09.2025 109е
27.09.2025-04.10.2025 104е

Што е вклучено во цената

  •  Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • Организиран превоз од Велес,Неготино,Смоквица,Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип
  • 7 ноќевања 8 дена во вила Елена (цени по лице)
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената

  •  Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима
  • Туристичка такса (14 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
  • Повратен билет за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

План и програма

ПРВ ДЕН

Поаѓање ден предходно од терминот околу 22:00ч од Хотел Русија (за точно време на поаѓање добивате смс порака на 2 дена пред поаѓањето). Ноќно патување со попатни паузи и гранични и царински формалности. Пристигнување на пристаништето Игуменица во утринските часови и возење со траект до Остров Крф. Сместување во Вила Елена во 14:00ч по локално време.

ОСМИ ДЕН

Одјавување од Вила Елена во 09:00ч по локално време. Нашиот туристички представник ве известува за точно време на поаѓање од Ипсос кон пристаништето и враќање кон Македонија.

 

Важно

  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени, не и на black friday цените
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 3 до 11,99 години кое користи сопствен лежај во 4 креветно студио или апартман плаќа 50% од редовната цена доколку има минимум уплата од 3 цели суми. Доколку во 4 креветно студио или апартман се сместени само 2 возрасни лица, за прво дете се наплаќа 3 цела сума, за второ дете 50% од редовната цена на аранжманот.
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)

Локација од сместувањето: 39°42’23.9″N 19°50’14.7″E

Факултативни излети

Посета на плажата Глифада

Цена за пакет: 20e по лице

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

ПАЛЕОКАСТРИЦА И МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Цена за пакет: 20e по лице

Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.

Крстарење со скара

Цена за пакет: 40e по лице

Едно преубаво искуство на островот Крф,полу дневен излет со посета на две плажи,скара и вино и посета на преубавите плави пештери на Крф(доколку временските услови не дозволат се оди на трета плажа)

Останати Понуди