ИСТАНБУЛ
Истанбул е единствен град во светот сместен на два континента Европа и Азија,чија историја започнува пред 2600 години. Истанбул ги чува скапоцените богатства на трите империи на кои некогаш им бил главен град.
20.10.2023 Поаѓање на групата во 18 ч, преку Грција, ноќно возење со попатни одмори.
21.10.2023Пристигнување во Истанбул во утринските часови, сместување во хотел или се оставаат куферите, па сместувањето e по разгледувањето на Истанбул. Разгледување на Истанбул-пешачка тура со локален водич: Хиподромот, Султанахмедовата-Плава џамија , Аја Софија, Топкапи музејот-влез во двор. Потоа слободно време за шопинг во Аксарај и Капали Чаршија. Посета на стариот дел на Истанбул-Кумкапи. Нокевање.
22.10.2023 Појадок. Факултативно разгледување на градот со локален водич, и тоа: посета на дворецот Долмабахче Сарај – последна резиденција на Отоманската Империја, Крстарење и незаборавно уживање со брод по Босфорот. Вечерта посета на национален ресторан ГАР, со богата програма и мени на турската кујна. Ноќевање.
23.10.2023 Појадок. Напуштање на хотелот, посета на Цариградската Патријаршија (со влез)- центар на сите православни цркви, а во нејзина близина е и боемскиот кварт Балат, со стари дрвени куќи во разни бои, со шармантни барови и ресторани. Потоа, преку мостот Галата се поминува покрај стадионот на Бешикташ и се оди до споменикот на Ататурк на плоштадот Таксим. Слободно време за прошетка по булеварот Таксим, кој изобилува со палати од 19-ти век,продавници со познати брендови,ресторани. Потоа посета на најпозна- тата продавница Коска-за алва, баклава, локуми и др. На крај, посета на трговскиот шопинг центар Форум и Декатлон каде освен шопинг може да се посети аквариумот Turkuazoo. Околу 18.часот поаѓање за Македонија преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.
24.10.2023 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА: 6990 денари, за резервации до 02.10.2023.
Редовна цена 7990ден.
деца до 12 год 30 % попуст ( при сместување со двајца возрасни )
Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во центарот на Истанбул
- разгледување на Истанбул со локален водич според програмата
- посета на Цариградската Патријаршија,Балат,Таксим, Кумкапи, Коска, Форум, Декатлон…
- организација и лиценциран придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
- патничко и здравствено осигурување – без франшиза – 250 ден до 65 год, од 65 год -79 год – 400 ден
- факултативно крстарење со брод по Босфорот – 20 € (резер. во агенција)
- факултативна посета на палатата Долма Бахче со водич – 35 € (резер. во агенција)
- вечера со програма во национален ресторан “ГАР” – 35 € (резер. во агенција)
- доплата за еднокреветна соба – 50 еур
- влезници за други културни историски знаменитости
За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита 23-ти Октомври.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. БРАН ТУРС и СКТМ.