56-ти Меѓународен саем за АВТОМОБИЛИ
БЕЛГРАД – 22/23.03.2025
БЕЛГРАД: Сместен на вливот на реката Сава во Дунав, град со богата и бујна историја. Боемскиот кварт – Скадарлија, тврдината Калемегдан, улицата Кнез Михајлова, како и многу други знаменитости достојни се за почит.
Секоја година во Белград се одржува 56-тиот Меѓународен саем за автомобили, кој претставува вистински спектакл. Со својот сјај и гламур привлекува илјадници посетители од цела Европа. Оваа година ќе настапат преку 400 излагачи, производители,на најнови модели на автомобили и др.возила.Минатата година на саемот се продадени преку 30 000 автомобили, некои луксузни коли со цени и до 200000 еур.
22.03.2025 Поаѓање за Белград од пред агенција во 04.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград (околу 10.00ч.) во утринските часови. Разгледување на знаменитостите на градот: плоштадите Теразије, Славија, Собранието, храмот Св.Сава, тврдината Калемегдан итн. Посета на саемот за автомобили 4-5 часа. Сместување во хотел. Слободно попладне низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова. Факултативна вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.
23.03.2025 Појадок. После појадокот можност (кој сака) за посета на Саемот за коли, можност за факултативно крстарење со Брод-сплав за уживање во убавините на реките Сава и Дунав,како и панорама на Калемегдан,Кулата Београд (во форма на микрофон), Бранковиот мост итн… На крај се оди до најголемата атракција на градот “Београд на вода“-проект, која за кратко време стана симбол на Београд, каде освен можност за прошетка по Променадата покрај реката Сава, со многу ресторани и барови, ќе се посети еден од најмодерните трговски шопинг центри “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни(ноќни) часови.
ЦЕНА: 4900 ден. за резервации до 07.03.2025г.
Редовна цена 5900ден.
Во цената се вклучени следните услуги:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во хотел со 3* – 1 ноќевања со појадок
- разгледување на Белград со локален водич
- придружник на аранжманот
Во цената не се вклучени следните услуги
- здравствено патничко осигурување – 160 денари
- влезница за 1 ден за Саемот за автомобили+-350-400 денари
- факултативна вечера во ресторан
- факултативно крстарење по Сава и Дунав – 15 евра
- влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Напомена: Краен рок на пријавување до 19.03.2025 година.