САРАЕВО
Мостар – Вишеград – Мокра Гора
30.04.2025 Поаѓање во 18:30ч. од пред Бран за Сараево преку г.премин Табановце.Ноќно возење низ Србија, со попатни паузи.
01.05.25 Во утринските часови пристигнување во Сараево.Разгледување на градот со локален водич:историското јадро “Башчаршија”, каде се наоѓаат бројни културно – историски знаменитости, прошетка по улицата “Којунџилук” од 16 век со многу занатски дуќани, потоа Еврејскиот Храм, Газихусербегова џамија, Катедралата, Народниот театар, Градското собрание.Сместување во хотел . Слободна вечер на Баш Чаршија каде можете да ги вкусите познатите “ќебапи во лепиња”, како и десертот “туфахија”. Ноќевање.
02.05.2025 Појадок. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на изворите на реката Босна – Врело Босне, а потоа се застанува на Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од Битката на Неретва. Пристигнување во Мостар, посета на Стариот мост на Неретва-симбол на градот.Попладнето враќање во Сараево. Слободно време за прошетка и вечера на Баш Чаршија.Ноќевање.
03.05.2025 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја”кој е под заштита на UNESCO ,изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
04.05.2025 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА: 6900 ден.за резервации до 31.03.2025
Редовна цена- 7900 ден.
Во цената е пресметано:
- превоз со туристички автобус
- сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
- разглед на Сараево со локален водич
- попатна посета на Андрич град,Вишеград,Мокра Гора-Шарганска осмица и Дрвен град
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
- патничко и здраствено осигурување – без франшиза – 250 ден до 65 год,400 ден 65-70год,
- туристичка такса 1 еур по ливе по ден-се плаќа во агенција
- факултативен излет до Мостар -20 еур
- факултативна вечера во ресторан со музика -еур
- доплата за еднокреветна соба – 40 еур
- влезници за културно историските споменици
Напомена: Рок на пријавување до 21.04.2025 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс. Т.А БРАН ТУРС Ви го честита 1-ви Мај.