Нова 2027 во БУКУРЕШТ
ДРАКУЛА ТУРА
(Трансилванија – Романија)
30.12.2026 Поаѓање пред агенција Бран во 22:00 часот со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.
31.12.2026 Пристигнување во Букурешт во утринските часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел.Слободно попладна,а вечерта ,со новогодишна музичка програма и огномети-Дочек на Новата 2027 год. на плоштад .Ноќевање.
01.01.2027 Појадок. Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Вечерта враќање во Букурешт. Ноќевање.
02.01.2027 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на Т.Ш.Центар.Факултативно можност за посета на еден од најго -лемите велнес центри –Терме (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 греани базени.Попладне, околу16.00ч.поаѓање за МК,ноќно возење со попатни паузи.
03.01.2027 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Промо ЦЕНА до 10.11.2026г. 9400 ден., редовна цена 10400 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел www.minerva.ro со 4*
- разгледување на Букурешт со водич
- лиценциран придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
- задолжително здравствено патничко осигурување 250ден. до 65год., 300ден до 65-70год,.
- туристичка такса 2 еур по ноќ=4 еур-плаќање во агенција
- целодневен излет до Синаја-дворецот Пелеш, замокот Бран и Брашов=30 евра
- доплата за влезници за наведените културни историски споменици-на лице местo
- факултативна посета на велнес центар-Терме:превоз=5еур+влезница на лице место+-30е
За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: За факултативите, потребно е да се пријават 50% од патниците.
Краен рок за пријавување до 21.12.2026година.
Т. А. БРАН ТУРС Ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За аранжманот важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.


