Нова 2027 во АТИНА
Сунион-Пиреа-Микена-Пелопонез
30.12.2026 Поаѓање во 21.30 часот од Прилеп, преку Гевгелија, ноќно возење со паузи.
31.12.2026 Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел во центарот на Атина. Слободно попладне во центарот на Атина. Вечерта факултативно Дочек на новата 2027 на плоштад каде секоја година има богата музичка програма, или во Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни и игри.Ноќевање.
01.01.2027 Појадок.Факултативен излет до: Пиреја-најголемото пристаниште на Балканот-со нејзините Марини, каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет. Потоа се оди до Глифада-најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Продолжување до најјужниот Рт на Балканот Сунион – каде се најдува храмот на богот Посејдон. Факултативна вечера во Национален ресторан-Таверна на Плака со богато мени и програма со грчки песни, игри и ора и со народни носии од цела Грција. Ноќевање.
02.01.2027 Појадок. Факултативен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал-атракција која го одзема здивот, Микена-Античкиот град на Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Попладнето враќање во Атина, па се продолжува за Македонија, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови на 03.01.2026
ПРОМО ЦЕНА до 10.11.2026 = 9400ден., редовна цена 10400 ден.
Во цената е вклученo:
- автобуски превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во Golden City Hotel – 3*
- разгледување на Атина со локален водич
- организација на аранжманот и лиценциран придружник на групата
Во цената не е вклученo:
- задолжително патничко осигурување(без франшиза) 250 ден.до 65г.,300ден. до 70год.,400д.над 70г.)
- туристичка такса 1 евро по лице по ден=2 евра (плаќање во агенција)
- целодневен излет до Пелопонез (Коринтски канал и Микена) =30 еур
- факултативен излет до Пиреа, Глифада и Сунион =20 еур
- влезници за локалитетите (Акропол,Микена-Агамемнон,Сунион…)
- новогодишна вечера со програма во Таверна на 01.01.2027=40 еур
Напомена : За факултативите , потребно е 50% од патниците
Т. А. Бран Турс Ви ја честита Новата 2027 годинa.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.


