ЛЕШОЧКИ МАНАСТИР-ТЕТОВО 19.05.24

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

МАВРОВО ВРУТОК – ЛЕШОЧКИ МАНАСТИР – ТЕТОВО
19.05.2024

 

Поаѓање  во 07 часот преку М. Брод – Кичево за Националниот парк – Маврово, пауза за појадок во рест.”Мекиците од Стража”. Продолжување према Гостивар, попатна посета на изворот на реката Вардар-ВРУТОК. Самото име Вруток значи извор,водата е чиста,за пиење. Изворот е сместен во прекрасна природа, разновидна и богата шумска вегетација со преубави рејлефи и пејсажи. Во непосредна близина се наоѓаат трите хидроцентрали Вруток,Врбен и Равен. Се продолжува за Лешок, преку Тетово, покрај Шарената џамија. Посета на Лешочкиот Манастир, еден од најубавите манастири во Македонија во прекрасна природа. Во манастирот се наоѓаат црквите св.Богородица и св.Атанасиј, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ-еден од најистакнатите Македонски преродбеници на 19-ти век. Манастирот е основан во 1381год, од полошкиот апостол Антониј,за да по  доаѓањето од Света Гора на Кирил Пејчиновиќ,се обновени манастирските конаци и библиотеката. Можност за ручек во Манастирскиот ресторан. Потоа се продолжува за Тетово со посета на Трговскиот шопинг центар Palma mall. Доцна попладне заминување према Маврово со попатна пауза на превојот Стража  во “Мекиците од Стража”, пристигнување во Прилеп во вечерните часови.

ЦЕНА: 650 ден.

  

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • организација и придружник на екскурзијатаПоминете уште едно незаборавно доживување со Бран – Прилеп.
    Ви благодариме на довербата.                                             

Т. А. БРАН – Прилеп

Останати Понуди