ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА – САРАЕВО – ЈАЈЦЕ – БИХАЌ- ЗАГРЕБ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

САРАЕВО – ЈАЈЦЕ – БИХАЌ ЗАГРЕБ

1 ден 23.05.2024 Поаѓање за Сараево во 18.00 ч. преку граничниот премин Табановце па низ Србија, ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 24.05.2024 Во утринските часови се поминува низ Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како и единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”.Утрото се пристигнува во Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и Андричев град – повторно дело на Емир Костурица. Пристигнување во Сараево, разгледување на градот со локален водич:Народниот театар, Инат куќа, па се оди пеш по Башчаршија,  Старата турска чаршија од 15-ти век, Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, Еврејскиот Храм,Величенствената Газихусербегова џамија,Катедралата,Латинска чуприја-местото на атентатот на Франц Фердинант од страна на гаврило принцип-на мостот на реката Миљацка… Слободно време во центарот на Башчаршија, каде треба задолжително да се проба Сараевски бурек,кебапи во лепиња, турско кафе,десерт Туфахије..Сместување во хотел.Слободна вечер.Ноќевање.

3 ден 25.05.2024 Појадок. После појадокот поаѓање за Јајце,историски град-музеј, сместен на вливот на реката Плива во Врбас.Разгледување на стариот град, тврдината, зидините од 14 – ти век, Мечкината кула и катакомбите,како и еден од најубавите водопади – Пливски водопад на реката Плива.Продолжување низ прекрасните предели на Босна, за Бихаќ – град на реката Уна, па негово разгледување: стариот дел на градот, Бихаќката кула, Фетија џамија со харемот, Каменото турбе, црквата св. Антун…Ноќевање.

4 ден 26.05.2024 Појадок. Поаѓање за националниот парк Плитвички езера, со посета на Плитвичките езера – единствениот феномен со смарагдна и тиркизна боја на водата од 20 езера, со многу слапови и водопади а од 1979 г се под заштита на УНЕСКО. Попладнето поаѓање за Македонија со попатна пауза во центарот на Загреб,при што може ќе се видат: Плоштадот Бан Јелачич, Катедралата,Народниот театар,Горниот град…Можност за посета на Трговски шопинг центар.Се продолжува за Прилеп преку Белград,ноќно возење со паузи.

5 ден 27.05.2024 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Промо цена за резервации до 29.04 – 9600 ден.

Редовна цена – 10600ден.

Во цената се пресметани следните услуги:

  •  превоз со туристички автобус
  •  сместување во хотел со 3* на база 1н/п во Сараево и 1н/п во хотел 3*-Бихаќ
  •  разгледување на Сараево, Јајце и Бихаќ,
  •  попатни посети на Вишеград и Загреб
  •  организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

  • патничко и здравствено осигурување – без франшиза – 250 ден
  • влезница за Плитвички езера -30 еур-резервација во агенција

Напомена: Краен рок на пријавување до 20.05.2024 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита 24-ти мај Денот на македонските просветители..

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ

Останати Понуди