ЕКСКУРЗИЈА И ШОПИНГ ТУРА ВО СОЛУН 11.05.24

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ЕКСКУРЗИЈА И ШОПИНГ ТУРА ВО СОЛУН

11.05.2024 г.

Поаѓање во 05.00 часот пред Т.А. Бран према Гевгелија, гр.премин Богородица, со попатни одмори и пристигнување во Солун околу 10ч. Кратко панорамско разгледување на градот: Виа Игнациа, црквата Св. Димитрија, Ротондата, Белата Кула… Слободно време низ Солун но и можност за уживање – возење со брод-кафич низ Солунскиот залив со убав поглед на Солун од море со вклучен 1 пијалок. Бродот претворен во кафич на вода поаѓа од пристаништето од кај Белата кула и ве води на 30 мин. пловење(во зависност од временските услови). Потоа посета на трговските шопинг центри: КОСМОС, ИКЕА, ЏАМБО и ЛИДЛ. Попладнето околу 18 часот заминување за Македонија и пристигнување во доцните вечерни часови.

  ЦЕНА:  960 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • превоз со туристички автобус на наведената релација,
  • организација и придружник на патувањето.

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • патничко здравствено осигурув.-60ден за лица до 65год.,120д. –од 65-70 г. и 300 ден. над 70 год.

Пријавување и резервации до 08.05.2024 година.
Т. А. БРАН ви се заблагодарува на довербата.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран.

Останати Понуди