Ман. Св. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ – КРАТОВО 01.05.24

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

1-ви Мај
Ман. Св. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ КРАТОВО
01.05.2024

 

Поаѓање во 06.00 часот пред агенција Бран за Крива Паланка, преку Велес,Пробиштип, со попатна посета на Кратово. Кратово е град на кули, мостови, град музеј на отворено, со нечепната природа и чист воздух, сместен во подножјето на Осоговските планини, во Кратерот на угасениот вулкан, со типична староградска архитектура. Прошетка по тесните и камени сокаци,низ старата чаршија, преку неколку импресивни мостови (порано имало 17 мостови сега 4 камени и 1 дрвен), најпознат од нив е Радин мост, па ќе се видат неколку средновековни кули (имало 12 а сега уште 6), традиционални куќи. Кратово има прекрасни стари цркви и манастири од 14-ти век, неколку рудници за злато… Се продолжува за Манастирот Свети Јоаким Осоговски, кој датира од 12-ти век, еден од најубавите, најраскошни и најбогати манастирски комплекси во Македонија. Разгледување на Манастирот и уживање на убавините на природата во и околу Манастирот, кој воедно е и седиште на поглаварот на Македонската Православна Црква. Комплексот располага со две цркви: помалата посветена на Пресвета Богородица од 12-ти век,до која има извор со студена, се верува – лековита вода, а втората поголема црква на св.Јоаким Осоговски од 1847-1851г. Слободно време за ручек во ресторанот  на Осоговскиот манастир и уживање во недопрената природа и околина. Попладнето околу 17.00ч. заминување за Прилеп преку Куманово, и пристигнување во вечерните часови околу 20.30ч..

ЦЕНА: 690 денари.

Во цената се пресметани следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • придружник на екскурзијата

 

Екскурзиите ги изведуваме со туристички автобуси опремени со тв,двд,аудио опрема и клима.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН,  Ви ги честита Првомајските и Велигденските празници
.

Останати Понуди