24-ти Мај Манастир ОСТРОГ – БУДВА Манастир ДАЈБАБЕ – ДУБРОВНИК

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

24-ти Мај

Манастир  ОСТРОГ БУДВА

 Манастир ДАЈБАБЕ –  ДУБРОВНИК  

24.05.2024. Поаѓање во 00:15 ч. со автобус пред агенција Бран, се упатуваме на гр.премин Чафасан, па преку Тирана-Скадар за Црна Гора.Пристигнување во Црна Гора во утринските часови,се поминува низ Скадарското езеро, до Манастирот Дајбабе, црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица, изграден 1897г. Манастирот е со необичен изглед, претежно закопан во пештера. Потоа се продолжува за Острог, пристигнување и посета на Манастирот Василие Острошки, кој е сместен во карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и манастир на Балканот. Основан од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св. Василије Острошки се чудотворни и се наоѓаат во Горниот Манастир. Бесплатно ноќевање во Манастирот на отворено, има ќебиња за преноќевање.

25.05.2024 Поаѓање кон Будва-едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван,Св. Марија,  зидините,пристаништето со јахти.Сместување во соби со засебно твц и студиа или во хотел. Слободно време во Будва, со можност за КАПЕЊЕ, во зависност од времето. Ноќевање.

26.05.24.Факултативен излет до Дубровник преку Тиват.Разгледување на  стариот дел на Дубровник:Плаца,Онофриевата чешма,Орландовиот столб,Градскиот звонарник,цркв.Св. Влах,Дубровачката катедрала.Враќање во Будва преку,Херцег Нови.Попладнето поаѓање од Будва за МК.Се поминува низ Бечичи,Св.Стефан,Бар,Суто Море,Тирана,ноќно возење со попатни паузи.Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови на 27.05.

Цена: 3990ден.-1ноќ. во соби и студиа.Во хотел=4900ден.-1н/појадок                                                          

Во цената е вклучено:                                                                                                                                                                

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 1 ноќевање во соби и студиа или 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Будва
  • 1 ноќевање на отворено во Манастирот Острог-бесплатно користење кебиња од Манастир
  • посета и разгледување на манастирот Дајбабе , Острог и Будва
  • организација и придружник на патувањето                                                                                                       

Во цената не е вклучено:                                                                                                                           

  • осигурување – без франшиза – 120 денари до 65г., 300ден. над 65год.
  • факултативен излет до Дубровник -15 еур
  • ноќевање во соби во Острог–доплата по 5 еур по кревет, а во дворот е бесплатно
  • туристичка такса на Острог – 1 еур  (задолжително)
  • автобуски превоз од Долниот до Горниот манастир-повратна(2-3еур)-не е задолжително

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран и СКТМ.

Останати Понуди