Ман. Св. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ – КРАТОВО – ШТИП 25.05.25

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ман. Св. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ КРАТОВО – ШТИШ
25.05.2025

 

Поаѓање во 07.00 часот пред агенција Бран за Крива Паланка, преку Велес, Куманово…Околу 11.00 часот пристигнување на Манастирот Свети Јоаким Осоговски, кој датира од 12-ти век,еден од најубавите, најраскошни и најбогати манастирски комплекси во Македонија.Разгледување на манастирскиот комплекс  и уживање на убавините на природата во и околу Манастирот, кој воедно е и седиште на поглаварот на  Македонската Православна Црква. Комплексот располага со две цркви: помалата посветена на Пресвета Богородица од 12-ти век,до која има извор со студена, се верува – лековита вода,а втората поголема црква на св.Јоаким Осоговски од 1847-1851г.Околу 13.00 часот поаѓање за Кратово. Кратово е град на кули, мостови, град музеј на отворено,со нечепната природа и чист воздух, сместен во подножјето на Осоговските планини, во Кратерот на угасениот вулкан,со типична староградска архитектура. Прошетка по тесните и камени сокаци,низ старата чаршија,преку неколку импресивни мостови(порано имало 17 мостови сега 4 камени и 1 дрвен),најпознат од нив е Радин мост,па ќе се видат неколку средновековни кули (имало 12 а сега уште 6),традиционални куќи. Кратово има прекрасни стари цркви и манастири од 14-ти век,неколку рудници за злато…Слободно време за ручек .Кратово е познат по: пастрмајлии печени во фурна;т.н. “кцана” сол од “везана пиперка “ збогатена со нане,ноктарец,мајчина душица,морска сол; и по турско кафе во бакарно гезве.Попладнето околу 16.00ч. заминување за Штип-посета на трговскиот шопинг центар Štip City Mall. Потоа 18.00 ч. продолжување за Прилеп и пристигнување во вечерните часови +- 20.00ч..

ЦЕНА: 750 денари.

Во цената се пресметани следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • придружник на екскурзијата

 

Екскурзиите ги изведуваме со туристички автобуси опремени со тв,двд,аудио опрема и клима.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

Останати Понуди

24-ти Мај

Манастир ТУМАНЕ-Голубачка тврдина-РТАЊ-Пожаревац

Манастир ТУМАНЕ Голубачка тврдина – РТАЊ – Пожаревац                                                                                                                                                                                              24.05.2025

Повеќе ...