ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА – САРАЕВО – ЈАЈЦЕ – БИХАЌ- ЗАГРЕБ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

САРАЕВО – ЈАЈЦЕ – БИХАЌ ЗАГРЕБ

23.05.2024 Поаѓање за Сараево во 18.00 ч. преку граничниот премин Табановце па низ Србија, ноќно возење со попатни паузи.

24.05.2024 Во утринските часови се поминува низ Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како и единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”.Утрото се пристигнува во Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и Андричев град – повторно дело на Емир Костурица. Пристигнување во Сараево, разгледување на градот со локален водич:Народниот театар, Инат куќа, па се оди пеш по Башчаршија,  Старата турска чаршија од 15-ти век, Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, Еврејскиот Храм,Величенствената Газихусербегова џамија,Катедралата,Латинска чуприја-местото на атентатот на Франц Фердинант од страна на гаврило принцип-на мостот на реката Миљацка… Слободно време во центарот на Башчаршија, каде треба задолжително да се проба Сараевски бурек,кебапи во лепиња, турско кафе,десерт Туфахије..Сместување во хотел.Слободна вечер.Ноќевање.

25.05.2024 Појадок. После појадокот поаѓање за Јајце,историски град-музеј, сместен на вливот на реката Плива во Врбас.Разгледување на стариот град, тврдината, зидините од 14 – ти век, Мечкината кула и катакомбите,како и еден од најубавите водопади – Пливски водопад на реката Плива.Продолжување низ прекрасните предели на Босна, за Бихаќ – град на реката Уна, па негово разгледување: стариот дел на градот, Бихаќката кула, Фетија џамија со харемот, Каменото турбе, црквата св. Антун…Ноќевање.

26.05.2024 Појадок. Поаѓање за националниот парк Плитвички езера, со посета на Плитвичките езера – единствениот феномен со смарагдна и тиркизна боја на водата од 20 езера, со многу слапови и водопади а од 1979 г се под заштита на УНЕСКО. Попладнето поаѓање за Македонија со попатна пауза во центарот на Загреб,при што може ќе се видат: Плоштадот Бан Јелачич, Катедралата,Народниот театар,Горниот град…Можност за посета на Трговски шопинг центар.Се продолжува за Прилеп преку Белград,ноќно возење со паузи.

27.05.2024 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Промо цена за последни места – 9600 ден.

Редовна цена – 10600ден.

Во цената се пресметани следните услуги:

  •  превоз со туристички автобус
  •  сместување во хотел со 3* на база 1н/п во Сараево и 1н/п во хотел 3*-Бихаќ
  •  разгледување на Сараево, Јајце и Бихаќ,
  •  попатни посети на Вишеград и Загреб
  •  организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

  • патничко и здравствено осигурување – без франшиза – 250 ден
  • влезница за Плитвички езера -30 еур-резервација во агенција

Напомена: Краен рок на пријавување до 20.05.2024 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита 24-ти мај Денот на македонските просветители..

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ

Останати Понуди